Започнувајќи од понеделник, 12. јули, вакцинацијата во државата ќе се одвива без закажување на термини. Започнува и теренската вакцинација којашто ќе се врши преку Здравствените домови, а во денешната изјава за медиуми, министерот за здравство д-р Венко Филипче најави дека ќе се одобри вакцинација и за децата. Според препораките, децата од 12 до 16 години ќе се вакцинираат исклучиво со вакцината Фајзер чие упатство од производителот го дозволува тоа.
Вакцинирањето на што поголем број на граѓани ќе овозможи заштита од ширење на епидемијата. Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста да и младите го шират вирусот. Со вакцинација се овозможува заштита од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход.