Најмалку осум лица загинаа во поплавите, откако североисточниот дел на САД беше зафатен од поројниот дожд, последица од ураганот Ида. Седум од смртните случаи се пријавени во сојузната држава Њујорк, а осмиот во Њу Џерси, јави Си-Ен-Ен.
Низ целиот североисток, патиштата се претворија во брзаци, најголемата метро мрежа беше речиси целосно суспендирана и беа пријавени голем број спасувачки операции по рекордниот дожд.
Гувернерката Кети Хоулс прогласи вонредна состојба во американската сојузна држава Њујорк поради налетот на остатоците од ураганот „Ајда“ и предизвиканите поплави.
Научниците предупредија на зголемување на активноста на различни циклони поради затоплувањето на површината на океаните и климатските промени, што претставува зголемена закана за крајбрежните населби низ целиот свет.