Ахмети: Граѓаните да веруваат во зеленото и да гласаат за победничката листа

Сподели

 

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети го свика Генералниот Совет на партијата во градот Гостивар, каде што пред присутните во својот говор направи рекапитулација на состојбата во земјата и постигнувањата од минатата година, по победата на парламентарните избори.
 
Ахмети зборуваше за политичката ситуација во земјата, вклучувајќи го и спорот со Бугарија, за напорите за решавање на ова прашање, како и за отворањето на патот за почеток на преговорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.
 
За време на состанокот со Генералниот Совет, претседателот Ахмети апелираше до граѓаните да излезат на гласање и да станат дел од конструктивната кампања, кампања достојна за локалните избори.
 
Понатаму, претседателот Ахмети ги повика граѓаните максимално да внимаваат и да ги почитуваат усвоените од страна на здравствените власти против вирусот „Ковид 19“, и во исто време да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствената алтернатива за надминување на ситуацијата во која се наоѓаме самите себе.
 
Меѓу другото, Ахмети апелираше до граѓаните и да се регистрираат, процес што започнува денеска, и кој што е многу важен за целата земја.