Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка

Сподели

 

Австрискиот канцелар Себастијан Курц доцна попладнево изјави дека се повлекува од премиерската функција, поради истрагата за поткуп. 

Канцеларот Курц и неговите соработници Курц и неговите најблиски соработници се осомничени дека плаќале пари од даночните обврзници на медиумите, за да објават позитивни написи за него и за партијата при што бил извршен претрес и во неговото седиште.

Во обраќањето до нацијата Курц рече дека секогаш се обидувал да даде свој придонес за Австрија, а додаде дека во изминатата година и пол многу се барало од него.