Зелената партија ДОМ, по повод 80-годишнината од Народното востание, на сите граѓани им го честита 11 Октомври – светлиот датум од нашата историја кој го означи почетокот на антифашистичката борба.
Ова е ден кога се потсетуваме на нашето славно минато, на жртвите и на заложбите за вистинските универзални вредности – слобода, мир и почитување на човековите права.
Чествувајќи го овој ден им оддаваме почит на нашите предци, на нивното херојство и на вредностите и придобивките од НОБ, со завет дека тоа ќе биде поттик да продолжиме со реализирање на нивните идеали и стремежи.
Нека ни е честит и вековит празникот 11 Октомври!