Ја нападна сопругата па пропадна како играч – Големиот талент призна дека е идиот, а еден дочек му го промени животот!

Сподели

Поранешниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт важеше за една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал.

Два дена по новогодишната ноќ 2013 година, парот Ван Дер Варт раскина. Беа омилени кај многу, а тој за себе рече дека сепак е идиот. Немаше поим дека ова е моментот кога кариерата ќе му се распадне.

Како многу млад, Рафаел ван дер Варт важеше за една од идните ѕвезди на европскиот фудбал. Започна во Ајакс за кој одигра повеќе од 140 натпревари, а постигна повеќе од 50 голови.

Од 2005 година е желба на многу тимови Реал, Манчестер, но се одлучи за Хамбург каде со години беше главен играч на тимот. За 5,5 милиони евра потпиша за германски клуб во 2005 година, а по година и пол стана капитен на тимот.

Потоа следуваа две сезони во Реал Мадрид, а потоа го облече дресот на Тотенхем, за во 2012 година да се врати во Бундеслигата и неговиот Хамбургер.

За сето тоа време будно го следеше неговата сопруга Силви ван дер Варт, една од најубавите жени на светот, успешна манекенка и ТВ водителка. Потоа дојде до сериозна повреда, па Ван дер Варт паузираше до средината на јануари.

Токму во овој период Ван дер Варт направи грешка во кариерата. Новогодишната 2013 година ќе ја памети цел живот. Кога се чекаше споменатата 2013 година, Рафаел и Силви изгледаа среќни, споделуваа слики на социјалните мрежи и слично. А потоа дојде шокот.

1.1. 2013.- Првата вест во сите светски медиуми беше дека Рафаел пред многумина ја претепал Силви на новогодишната прослава. Два дена по новогодишната ноќ 2013 година, парот раскина. Тој се појави во медиумите и рече дека е идиот, и дека се кае за се.

Потоа следеше голем пад во неговата кариера.

Остана во Хамбургер до 2015 година, но неговите игри не беа ни сенка на оние што ги обезбедуваше претходно. Во 2015 година потпиша за Бетис каде што остана кратко. Одигра само седум натпревари.

Потоа следуваше авантура во редовите на Митјиланд, а минатата година дефинитивно се повлече во дресот на Есбјерг за кој одигра само три натпревари.

Ван дер Варт имаше огромен потенцијал што никогаш не го покажа целосно. Можеби е и космичка правда што ја претепал сопругата.

И покрај тој инцидент, Ван дер Варт остана голем заводник, а со него се поврзуваа многу жени.

И Силви повеќе не е Ван дер Варт, туку Силви Мејс…

The post Ја нападна сопругата па пропадна како играч – Големиот талент призна дека е идиот, а еден дочек му го промени животот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico