Шилегов: Реконструирани сите 23 средни училишта со пари од СКОПЈЕ 2014

Сподели

 

– Денес сакам да потсетам на уште една клучна разлика меѓу движењето напред кон прогресот и развојот на Скопје и влечењето назад заради нечии криминални интереси. Оваа година ја започнавме реконструкцијата на објектот на средното училиште Кочо Рацин во скопската општина Ѓорче Петров. За оваа реконструкција инвестиравме 52 милиони денари од Буџетот на Град Скопје. „Кочо Рацин“ е последното 14-то училиште кое добива нова енергетски ефикасна фасада, а други реконструкции на објектите беа направени во сите 23 средни училишта на Град Скопје, со овие зборови градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја започна својата прес-конференција.

 

 

– Исклучително важно е да се потсетиме: овие реконструкции на фасадите ги започнавме пред 3 и пол години со пренамена средства во висина од 70 милиони денари кои тогаш беа наменети за барокни фасади во центарот на градот како дел од криминалниот проект Скопје 2014. И токму тука е главната разлика на она што го правиме денес и она што некој друг го правеше во минатото. Додека некој правеше фасади од стиропор и споменици од бронза ние реконструираме средни училишта, градиме нови булевари, развиваме велосипедска мрежа, нагласи Шилегов.

 

 

– Нашите приоритети ги одредија граѓаните, нивните ги одредува Груевски, кој сега токму заради тоа е во Будимпешта. Денес со гордост можам да кажам дека ја остваривме и оваа цел – сите средни училишта на Град Скопје да имаат енергетски ефикасни фасади и просторни услови за нормално одвивање на образовниот процес, порача Шилегов.

 

 

Тоа го направивме и за учениците и за вработените во училиштата. Нашите деца, нашите најсакани, заслужуваат да учат во подобри услови. Нашите наставници, луѓето од оваа исклучително тешка и благородна професија, заслужуваат да работат во подобри услови, потенцираше Шилегов.
– Чистата енергија која води до чиста животна средина е наша важна стратешка заложба која се проткајува низ речи си сите проекти кои ги реализиравме во изминатиот период. Скопје може и мора да биде енергетски–ефикасен град, бидејќи Скопје е град за сите и Скопје е една поинаква приказна, додаде Шилегов.

– Скопје може и мора да продолжи напред со создавањето на квалитетни услови за образование на нашите деца, на нашите најсакани. За да можеме да продолжиме заедно во оваа насока, во недела е потребен вашиот глас. Ајде да се обединиме за прогресот на Скопје. Секој глас е важен. Секој глас одлучува. Да не дозволиме Скопје да се врати назад и наместо да вложуваме во едукација и образование, да трошат на камен, стиропор и бронза. Вие одлучувате. Скопје мора да продолжи напред. Нашите деца, сите ние го заслужуваме тоа, повика Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Локални избори 2021, Петре Шилегов