Австрија воведува целосен карантин во државата

Сподели

 

Австрија од полноќ влегува во нов карантин. Се очекува Собранието вечерва и официјално да ги одобри новите мерки. За почеток ќе важат само за невакцинираните, што значи дека слободно може да се движат само вакцинираните и заразените. Дневно има до 13.000 нови случаи на инфекција. Претседателот Александар ван дер Белен предупредува дека ситуацијата е многу сериозна.

За почеток ќе важи само за невакцинираните што значи „Правило 2Г“ за слободно да се движат само вакцинираните.

Претседателот Александар ван дер Белен предупреди дека ситуацијата е многу сериозна. Под притисок на бројките и поради најавата за карантин, деновиве се вакцинираа многу луѓе. Здравствените  работници со месеци испраќаат очајни пораки до Владата, која досега не сакаше да направи нешто.

Медицинските капацитети забрзано се пополнуваат, работниците остануваат без енергија. Цела Австрија има две и пол илјади одделенија за интензивна нега, и за пациенти со Ковид и за не-Ковид и тие интензивно се полнат.