Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Џоковиќ, го напушти Торино и се врати дома бидејќи неговиот син се заразил со корона вирусот.
Иванишевиќ потврди дека морал да ја напушти Италија поради болеста на неговиот син.
Да потсетиме, Иванишевиќ и неговата сопруга Нивес го имаат тригодишниот син Оливер, додека со поранешната сопруга Тијана Драговиќ има две деца, синот Емануел и ќерката Амбер.
Новак на завршниот Мастерс во Торино дојде во комплетен состав, кога е во прашање стручниот штаб, па покрај него сега се и Марјан Вајда, кондицискиот тренер Марко Паники и физиотерапевтот Улисес Бадио.
Српскиот тенисер е во групата со Стефанос Циципас, Андреј Рубљев и Каспер Руд, а првиот меч го игра во понеделник од 14 часот со норвежанецот Руд.
Иванишевиќ е дел од тимот на Новак од Вимблдон 2019 година.
The post Новак остана без тренер во Торино – Иванишевиќ итно замина дома! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico