Џафери: Тагата, горчината и беспомошноста се чувствува во сечиј поглед, во сечија душа

Сподели

 

Длабоко сум трогнат од ужасната вест за неповратно изгубените човечки животи на наши сограѓани во автобуската несреќа во Бугарија, изјави Талат Џафери.

Тагата, горчината и беспомошноста се чувствува во сечиј поглед, во сечија душа и ум.

Со мислите, со молитвите и со сето мое битие сум со семејствата на трагично загинатите, иако свесен дека во моментов, нема збор што може да ја утеши нивната болка, загуба и вечната празнина што ќе остане по загубата на драгите членови на семејството.

Свесен за младите животи кои беа на прагот на нивната младост и имаа уште многу што да понудат на овој свет и да добијат во возврат од него.

Изразувам сочувство до нив, во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, со надеж и верба дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваков трагичен чин и нема да дочекаме ваков тажен ден.

На патниците кои успеаја да се спасат од оваа несреќа, им посакувам брзо заздравување на физичката и на душевната болка.

На загинатите, нека име е лесна земја, изјави Талат Џафери.