Уште не размислува за пензија – Ќе наполни 44 и ќе игра надвор од Европа!

Сподели

Во јануари ќе наполни 44 години, но се уште не планира да ги закачи копачките на клинец.

Фото:EPA/Luca Zennaro

Кога го потпиша договорот со Парма, се чинеше дека пензијата на Џанлуиџи Буфон е на прагот. Сепак, 25-годишната професионална кариера на италијанскиот голман сигурно ќе потрае, имајќи ја предвид неговата последна изјава.

– Би сакал да се обидам во Мексико или во САД. Се уште имам глад за фудбал и желба за постојано докажување – подвлече Буфон.

Искусниот чувар на мрежата во својата богата кариера никогаш немал можност да се радува на трофејот во Лигата на шампионите, а токму тоа го турна напред за да не размислува за пензија.

– Да се ​​случеше тоа, ќе ја завршев кариерата многу порано – искрен е Џиџи.

The post Уште не размислува за пензија – Ќе наполни 44 и ќе игра надвор од Европа! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico