АД Пошта за сите пензионери кои пензијата ја примаат на сметка во Халк банка или во НЛБ банка, повторно ќе почне на пензионерите да им ги доставува своите пензии до дома, информираат од АД Пошта.
Секој пензионер кој сака пензијата да ја добива дома треба да пополни формулар во банката.
Цените за услугите за следните:
За пензии до 5.000,00 денари – 70,00 денари
-За пензии од 5.001,00 до 9.000,00 денари – 100,00 денари
-За пензии од 9001,00 до 15.000,00 денари – 130,00 денари
-За пензии над 15.000,00 денари – 160,00 денари