Роналдо како диктатор во Јунајтед – Има решение како да ги превоспита младите во тимот!

Сподели

Манчестер Јунајтед игра под очекувањата кои ги имаше Кристијано Роналдо кога дојде во клубот ова лето, но можеби има решение за тоа.

Познато е дека Португалецот сака да „воведува ред“ меѓу помладите играчи и да им го всадува својот шампионски менталитет, а вестите од Англија велат дека тој сега го започнал тој процес.

Кристијано се приклучи на групата „Whats App“ во која се неговите млади соиграчи и тоа е првиот чекор кон смирување на ситуацијата во соблекувалната.

Како некој кој е речиси двојно постар од нив, а со тоа освоил речиси се што може во фудбалот, Кристијано Роналдо би можел да има пресудно влијание врз развојот на нивното однесување во овие разговори.

Без разлика дали зборуваат за фудбал или некоја друга тема, клубот очекува Кристијано Роналдо да влијае на младите играчи и да ги изведе на вистинскиот пат.

Се претпоставува дека во групата во која се наоѓа Роналдо се играчи како Маркус Рашфорд (24), Ентони Еланга (19) и Џејмс Гарнер (20), кој моментално е на позајмица во Нотингем Форест.

Клубот веќе некое време знае за групите во кои комуницираат младите играчи, но бидејќи не можеше да има контрола над нив, Ралф Рангник му дозволи на Кристијано Роналдо да влијае на соиграчите.

Португалецот неколку пати во текот на сезоната го критикуваше однесувањето на младите фудбалери во тимот, како и нивната посветеност на теренот, а Лук Шо зборуваше и за нарушените односи во соблекувалната.

Доколку португалскиот фудбалер успее во намерата да го подобри однесувањето на соиграчите, целиот клуб би можел да има огромна корист.

За тоа време, деца како Мејсон Гринвуд ќе прават скандали и ќе се појавуваат на насловните страници на весниците само за лоши дела …

The post Роналдо како диктатор во Јунајтед – Има решение како да ги превоспита младите во тимот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico