Синдикатите на протест: Минимална плата 18.000 денари или генерален штрајк!

Сподели

 

Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија,  заедно со штрајкувачките одбори денеска го блокираа центарот на Скопје, во знак на незадоволство од предлогот на работодавачите за методологијата на минималната плата.

За синдикатот предлогот е неприфатлив бидејќи нивните пресметки покажале дека минималната плата би се зголемила на 16.164 денари, а синдикатот бара минималната плата да изнесува 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати.

Синдикалците најавија дека доколку денеска на седницата на Економско-социјалниот совет не бидат прифатени нивните барања, ќе организираат генерален штрајк.

За денеска е закажана и седница на Економско-социјалниот совет на која повторно ќе се разговара за зголемување на минималната плата откако во средата не беше постигнат договор.