Санкционирани 246 пешаци за преминување на улица надвор од пешачки премин

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 246 пешаци.

Притоа 195 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 27 за минување на црвено светло. Од нив 51 на територија на СВР Велес, 50 на територија на СВР Тетово, 35 на територија на СВР Скопје…

За време на контролата регистрирани се и 107 останати прекршоци.

Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, апелираат од МВР.