Беше еден од најдобрите, му прогнозираа дека може да стигне до ѕвездите во НБА лигата, а потоа почна падот за Делонте Вест (38). Минатата година јавноста дозна дека тој станал бездомник и тоа беше само почеток.
Му помогна сопственикот на Далас, Марк Кубан, кој се обиде да го врати на вистинскиот пат, а сето тоа за жал остана без здив. Повторно се оддаде на алкохол и се врати на лош пат, поради што беше уапсен, но сега доаѓаат охрабрувачки вести.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека Вест е во теретана и тренира. Не заборавил во краткиот клип се гледа како ја „расцепува мрежата“, не промаши ниту еден шут.
Приказната на Делонте Вест е полна со подеми и падови, како и со тешкото детство. На само 14 години се обидел да се самоубие, се борел со депресија и решението го најде во религијата.
И тогаш во 2004 година беше избран на драфтот. Започна во Бостон, а по кратка епизода во Сиетл дојде кај Леброн Џејмс во Кливленд и таму помина две сезони. А тој период го одбележа едно озборување.
Потоа дојде приказната дека Вест бил во врска со мајката на Леброн. И двајцата негираа. Дополнително, во тој период на Вест му е дијагностицирано биполарно растројство, а по тие озборувања почнал драстичниот пад и трансферите.
Доволно е да се спомене дека полицијата во една од неговите редовни контроли пронашла три пушки, од кои едната била во кутија за гитара.
Следеа многу казни, па прогласи банкрот иако во кариерата заработи речиси 17 милиони долари.
Delonte West back putting in work pic.twitter.com/DfPNo5YDFW
— Daily Loud (@DailyLoud) February 17, 2022
Вест во кариерата имаше просек од 9,7 поени, 2,9 скока и 3,6 асистенции по натпревар.
The post ВИДЕО: Се опоравува најпознатиот НБА бездомник – Новата снимка ги воодушеви сите! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico