Зголемено ниво на радијација од Чернобил

Сподели

 

Државниот инспекторат за нуклеарна регулатива на Украина соопшти дека во Чернобил е забележано зголемено ниво на радијација, по преземањето на нуклеарната централа од страна на руската војска.

– Податоците од автоматизираниот систем за следење на радијацијата на зоната на исклучување, кои се достапни на интернет, покажуваат дека контролните нивоа на дозата на гама зрачење (црвени точки) се значително надминати, се вели во извештајот.

Зголемената радијација се припишува на „нарушување на горниот слој на почвата поради движењето на големо количество тешка воена опрема низ зоната на исклучување и испуштањето на контаминирана радиоактивна прашина во воздухот“. 

 

Руската војска утрово потврди дека ја зазела нуклеарната централа Чернобил и дека војниците склопиле договор со тамошните украински сили.

Според соопштението на Руското министерство за одбрана нејзините трупи ја држат некогашната нуклеарна централа во Чернобил за да ја заштитат.

„Ја штитиме за да не им дозволиме на националистички групи и терористички организации да ја искористат ситуацијата во земјата и да направат нуклеарна провокација“, кажаа од министерството.