(ВИДЕО) Камерите го уловија запуштениот Абрамович – Никој не можеше да го препознае!

Сподели

Рускиот милијардер Роман Абрамович доживува животна драма од последните денови и недели.

Европската унија му воведе санкции поради неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин, па Абрамович мораше да го напушти Лондон.

Тој моментално мака мачи да ја продаде сопственоста на фудбалскиот клуб Челзи, а последните информации говорат дека успеал да ги пренесе своите две јахти и 14 авиони во Тел Авив, каде што моментално се наоѓа.

Израел не воведе санкции кон Русија поради војната во Украина, па Абрамович, кој има и три компании во овој град, сега живее таму.

Камерите го фатија Абрамович на аеродромот во Тел Авив во понеделникот, а на почетокот малкумина би помислиле дека е милијардер.

Долгогодишниот сопственик на Челзи изгледаше малку запоставено бидејќи беше неизбричен и разбушавен, а неговата маска беше спуштена на брадата.

На фотографиите можете да го видите како ѕирка во телефонот и гледа што се случува од страна.

Вредноста на неговите замрзнати средства во земјите кои воведоа санкции кон Русија се проценува на 3,5 милијарди евра.

До воведувањето на санкциите Русинот, кој покрај израелскиот има и португалски пасош, до рускиот напад на Украина тежеше околу 11 милијарди евра.

The post (ВИДЕО) Камерите го уловија запуштениот Абрамович – Никој не можеше да го препознае! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico