Зеленски до Бундестагот: Урнете го ѕидот што Русија го гради

Сподели

 

Украинскиот претседател Зеленски денеска во видео обраќање до Бундестагот ѝ префрли на Германија дека не направила доволно за спречување на војната и дека ја ставила сопствената економија пред безбедноста на Украина во пресрет на руската инвазија.

 

 

„Сè за што вие се грижевте беше економијата“, рече тој пред Парламентот.

Зеленски ја повика Германија да не дозволи нов ѕид да ја подели Европа и да ја поддржи Украина за членство во НАТО и ЕУ. Повикувајќи се на падот на Берлинскиот ѕид, тој го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да го урне ѕидот меѓу мирот и судирите во Европа и да ја запре војната во Украина.

Тој упати критики и за неподготвеноста Украина да биде примена во НАТО.

– Нема место за нас на оваа маса, констатираше украинскиот претседател. Тој го повика Берлин да ја поддржи кандидатурата на Украина да стане членка на Европската унија.