Вчера доцна попладне имав телефонски разговор со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ, објави на фб премиерот Димитар Ковачевски. Му пренесов дека сочувствуваме со Украина и истовремено се восхитуваме на храброста со која Украинците ја бранат својата слобода и сувереноста на државата, соопшти Ковачевски преку социјалните мрежи.
“На колегата Шмигаљ му порачав дека Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО, и е во постојана координација за поддршката на Украина.
Подготвени сме да ги прифатиме граѓаните на Украина доколку побараат времено засолниште во нашата земја и остануваме во контакт за сите идни активности за поддршка и помош.
Премиерот Шмигаљ се заблагодари во име на граѓаните на Украина за досегашната поддршка и помош”, напиша премиерот Ковачевски на својот официјален фб профил.