ЈП Лајка во заловувачка акција на бездомни кучиња во Општина Карпош

Сподели

 

И оваа недела продолжува заловувачката акција на бездомни кучиња која ќе ја спроведува ЈП Лајка.

Во соработка со Општина Карпош, заловувачките екипи на ЈП Лајка оваа недела ќе постапуваат во оваа скопска општина.

 

Согласно планот за постапување на терен, ЈП Лајка има предвидено секоја недела да постапува во различни општини на територијата на град Скопје. Ќе се таргетираат критичните точки и најфреквентните локации како кејот на Вардар, училишта, градинки, паркови итн. Сите заловени кучиња од овие локации ќе бидат загрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде ќе го поминат целиот хуман третман.

По завршувањето на хуманиот третман ќе бидат објавени за вдомување на социјалните мрежи на претпријатието. Оние кои нема да бидат вдомени по истекот на нивното време за престој во прифатилиштето на ЈП Лајка, ќе бидат вратени на матичната локација.

Оваа активност е дел од пролетната акција на Град Скопје и јавните претпријатија, а ќе продолжи да се спроведува во текот на следниот период и во другите скопски општини.

Доколку жителите на општина Карпош имаат маалски миленик за стерилизација и кастрација може да го пријават на info@lajka.com.mk.