АЕК: Граѓаните да не одговараат на странски неидентификувани броеви

Сподели

 

Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на Агенцијата зе електронски комуникации Сашо Димитријовски.

Во меѓувреме, како што советува, граѓаните не треба да одговараат на таквите повици што се регистрирани од корисници на двата мобилни оператора Македонски Телеком и А1.

Димитријоски најави дека службите на АЕК ќе одржат состанок со мобилните оператори, како и дека наскоро на веб страницата на АЕК ќе биде објавено соопштение со конкретни насоки.

– Ова се злоупотреби што се случувале и во минатото, вакви јавувања имаше и минатата година. Совет до граѓаните е да не се јавуаваат, а опереторите ги регистрираат броевите, ги блокираат и повиците од нив ќе престанат во текот на денов, изјави Димитријоски.

Став за повиците за кои алармираа граѓаните преку социјалните мрежи, МИА побара и од операторите од каде исто така најавија дека дополнително ќе споделат информација.