Заев: Очекувам да се стабилизира парламентарното демократско мнозинство

Сподели

 

Имајќи ги во предвид случувањата во државата и моментот во којшто се наоѓа Северна Македонија, Централниот одбор едногласно донесе одлука премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев да ја одложи оставката на неодредено време додека овие процеси не се нормализираат и да работи на тој план.

 

 
“Државата после многу години режим продолжува, и се гради на европските вредности, ова е слободна земја каде принципите на единство и соживот се клучна наша водилка и затоа СДСМ се исправа на висина на таа задача, и наредниот период ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните.
 

-Денеска имаме одлука на Централниот одбор за одложување на оставките. Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по нив. Кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам да се задржи мнозинство и ако може да се појача. Искрено очекувам дека парламентарното демократско мнозинство ќе се стабилизира, пред се тоа што е ориентирано за евроатланскиот пат, тоа што е ориентирано за мултиетничкото општество, тоа што е ориентирано за држење на добрососедските односи и тоа што е ориентирано кон позитивните реформи во државата и затоа се овие напори. Уште еднаш напоменувам вечерта на 31-ви кога ги објавив оставките од двете функции реков останувам периодот за да се посветам, да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство, ако може тоа парламентарно мнозинство и да порасне. Деновите се пред нас секако тоа ќе го дознаеме сите“, изјави Зоран Заев по завршувањето на состанокот на Централниот одбор на партијата..