СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Ч.(42) од Прилеп, одговорно лице во стрелачки клуб во Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот од 02.04. до 04.04.2024, полициски службеници извршиле контрола во стрелачкиот клуб, при што било констатирано дека недостасувале поголем дел од воздушните пиштоли и пушки, на дел од воздушните пушки не биле читливи фабричките броеви, а дел од оружјето кое го има во клубот не било регистрирано во системот за регистрирање и управување со оружје во МВР.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.И.(54) од с.Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во декември 2024 година во атар на с.Голема Речица, на место викано Ливаде, пријавениот почнал со изградба на објект, без претходно да обезбеди дозвола за градба од надлежен орган.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Б.(73) од Берово затоа што на 14.03.2025 во основно училиште во Берово агресивно се однесувал кон соученичка на неговата внука.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Т.(18), Д.С.(19) и 17-годишник, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство’’. На 08.03.2025 во Куманово, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале М.И. и му нанеле повреди.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(49) од Кичево и Н.Н.(36) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против В.Ј.(62) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и С.С.(61) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Прво и второпријавениот, во својство на директори на РЕК Осломеј – Кичево, во периодот од 02.09.2022 до 26.10.2023 им овозможиле на двајца работници да земаат плата во цел износ и покрај тоа што отсуствувале повеќе од три последователни или вкупно пет работни денови во текот на една година. На тој начин го оштетиле јавното претпријатие за вкупно 597.080 денари. Пријавената В.Ј., како одговорно лице во јавното претпријатие, не извршила надзор и контрола над доаѓањето и одењето од работа на работник, ниту пак извршила должен надзор и контрола над работењето на четвртопријавената, која, во својство на работник евидентичар, во лажна исправа внела невистинита содржина дека работникот е присутен на работа иако отсуствувал од работа вкупно 78 работни денови, по што исправата ја употребила како вистинита и му овозможила на лицето да се стекне со противправна имотна корист во износ од 227.771 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластено употреба на туѓа фирма’’. На 30.01.2025 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола во продажен објект, сопственост на пријавениот, при што било констатирано дека се врши продажба на текстилна роба од познати марки, кои подлежат на заштита, а за кои не поседувал соодветна дозвола.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје поднесе кривична пријава против Х.В.(33) од с.Танушевци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење’’. На 18.04.2025 во с. Побожје, полициски службеници извршиле контрола и преглед на товарно возило „мерцедес“, кое го управувал пријавениот, при што е пронајден мебел, за кој не поседувал соодветни документи.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(35) и С.М.(43), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 17.01.2025, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин.
СВР Велес поднесе кривична пријава против С.Н.(50) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 06.09.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во две викенд куќи во с.Бојанчиште, при што биле пронајдени и одземени ловечки пушки, куршуми различен калибар, патрони, иницијални каписли, сачми, чаури без иницијални каписли, рачни алати за изведба на ловечка муниција, оловни проектили, барут и пиротехнички средства.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична против А.С. и Л.Т.М.. Пријавените, во време на извршување на делото во периодот од 08.07.2020 до 06.12.2021, на работно место полициски службеници во Отсек за општ криминалитет при СВР Велес несовесно постапувале со предметите кои им биле доверени во вршењето на своите овластувања. Имено, по вкупно 14 предмети за сторени кривични дела „кражба“, и „тешка кражба“, пријавените не постапиле навремено, не преземале дејствија во однос на реализација и откривање на сторителите и не го известиле надлежното јавно обвинителство, со што дозволиле делата апсолутно да застарат за гонење, согласно член 107 „застареност на кривично гонење“ од КЗ.
На 21.05.2025 во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар и на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Л.(25) и еден малолетник, двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 21.05.2025 околу 11 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Х.Ј.(34) од Република Турција. При гранична контрола и проверка во возилото „фолксваген“ со германска национална ознака, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана. Лицето е приведено во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.05.2025 околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(24) од с.Луково, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Г.Д.(32) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
На 21.05.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 19.05.2025 околу 09 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и с.Батинци, скопско, патничко возило удрило во малолетничка од с.Црн Врв, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 21.05.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.М.(32) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При приведувањето кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 21.05.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.05.2025 во 21.59 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.05.2025 во 14.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка добивала закани од малолетник, со кој била во љубовна врска, а откако му кажала дека таа ѝ забранила да се гледа со него, на социјални мрежи објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.05.2025 во 18.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 15 часот во амбасада на странска земја во Скопје, едно лице упатувало закани кон вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
На 21.05.2025 во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово се изгубиле две лица- државјани на Сојузна Република Германија и Кралство Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија. Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 21.05.2025 во 16.30 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле Р.М.(17), за кој на 30.04.2025 од Јавната установа за згрижување деца беше пријавено дека се оддалечил од установата. Лицето е предадено во установата.
На 21.05.2025 во 09.45 часот во СВР Скопје, С.Т. (19) од Скопје пријавила дека на 20.05.2025 околу 17.00 часот во козметички салон на подрачјето на Ѓорче Петров , по претходна расправија, била физички нападната од вработена во салонот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.05.2025 во 12.30 часот во СВР Скопје, Б.Т.(56) од с.Волково, скопско, пријавил дека во периодот од јануари до 18.05.2025 од гробно место од Градските гробишта Бутел била одземена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.05.2025 во 00.28 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од скопско пријавила дека околу 00.10 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Ѓ.И.(39), кој ѝ го оштетил мобилниот телефон и кој потоа физички нападнал ѝ едно машко лице. Исто така, истиот ден во 18.40 часот таа пријавила дека на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба, сопругот повторно физички ја нападнал и го оштетил нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.05.2025 во 13.25 часот во СВР Скопје, С.Б.(38) пријавил дека околу 13.20 часот во близина на Транспортен центар во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Е.Е.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.05.2025 во 15.21 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.О.(56), А.О.(33) и С.О.(24), сите од с.Студеничани, скопско, од една страна и Д.П.(28), Д.П.(22) и Д.П.(19), сите од Скопје, од друга страна, при што биле употребени тврди предмети и биле оштетени едно товарно возило и едно патничко возило. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
