АХВ: Запленето и уништено небезбедно пилешко месо од Бразил

Сподели

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека на почетокот на месецов на граничниот премин Ќафасан запленила 1.300 килограми небезбедно пилешко месо по потекло од Бразил.

Запленетото месо е уништено на депонијата во Струга.

„Станува збор за легален увоз на замрзнато пилешко месо, за кое, врз основа на извршениот преглед од страна на официјален ветеринар, било констатирано дека потекнува од објект – кланица, кој во моментот на прегледот не се наоѓал на листата објекти кои се одобрени за извоз од страна на Европската унија, односно кој дозволата за извоз ја изгубил на 23.03.2017 година“, истакнува АХВ.