Акција на Државниот инспекторат за животна средина во кругот на Стакларница

Сподели

 

Државниот инспекторат за животна средина продолжува со кампањата за откривање загадувачи во индустриските зони. Во кругот на Стакларница се изврши контрола во присуство на државен, градски и општински инспектор, поради тоа што има инсталации кои спаѓаат под различна надлежност.
 
 
 
 
– Државниот инспектор изврши надзор во 6 инсталации, од кои три печатници, два погони за складирање и третман на отпад и едно складиште за хемикалии (погон за складирање на отпадно стакло и производство на стаклен гранулат, како и склад за старо железо, благородни метали, батерии и акумулатори).
 
– При увидот во печатниците беше констатирано дека досега воопшто не била спроведена обврската од одобрените елаборати, која наложува да се вршат мерења на испарливи органски соединенија. Тие беа задолжени тоа да го спроведат, во присуство на инспектор.
 
 
 
 
Погонот за производство на стаклен гранулат беше задолжен отпадот од прозорската столарија, кој преостанува по сечењето на рамно стакло што се користи како суровина, прописно да го отстранува, наместо да го чува во кругот. Исто така, ситните честички што како отпад се создаваат од производството на стаклен гранулат и се чуваат во џамбо вреќи надвор од погонот, треба прописно да ги складираат и предадат на овластена компанија.
 
– Утврдено беше и дека складиштето за хемикалии не поседува одобрен елаборат за заштита на животната средина и се даде обврска тој да се изработи во најкус законски рок. Овој елаборат треба да го одобри општината, соопштуваат од Државен инспекторат за животна средина.