Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“ организира акција за жените што ја изгубиле косата како последица од хемотерапија при лекувањето од рак, а кои се во социјален ризик. Оттаму го прогласија февруари за месец во кој се донира за перики наменети токму за овие жени.
Здружението досега донирало повеќе од 800 перики, со помош на разни донатори и хумани луѓе.
„Периката ги враќа жените повторно во живот, и покрај исрпувачката терапија, тие се убави со нова фризура на главата. Во „Борка“ доаѓаат многу жени, секогаш расплакани кога бараат перика, емиционално скршени, но кога ќе одбереме соодветна перика за нив, насмеани си заминуваат. Барем за малку не размислуваат што ќе рече околината, некогаш периката им служи и како маска доседа трае третманот и лекувањето“, вели психологот волонтер Афродита Давчевска, во канцаларијата за помош н на „Борка“.
Сите заинтересирани кои сакаат да донираат перика за жените кои немаат пари да си купат своја, за повеќе информации може да се јават на СОС- телефонот за помош и поддршка на лица заболени од рак 075 22 88 99.
Акцијата е дел од Светскиoт ден за борба против ракот, 4 февруари, која е единствена иницијатива што го обединува целиот свет со една цел – борба против глобалната епидемија на рак.