Аквадуктот прогласен за споменик со највисок степен на заштита

Сподели

 

Врз основа на позитивното мислење на Националниот совет за културно наследство, на предлог на Министерството за култура, Владата донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје, за културно наследство од особено значење во поткатегорија – исклучително значење.

Со донесувањето на оваа одлуката се обезбедува трајна заштита на скопскиот Аквадуктот кој е изграден во VI век, а бил целосно реконструиран кон крајот на XV век.

„Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита“, се вели во соопштението на Министерството за култура.