Амбасадата на САД ги предупреди американските државјани да избегнуваат масовни собирања во земјава за време на празничниот период.
Во известувањето од амбасадата се вели дека е можно зголемување на криминалот, но воедно потсетуваат дека во Скопје зачестија пријавите за бомби во училиштата, трговските центри, транспортните станици и други места.
Од амбасадата повикаа државјаните на САД во случај на дојава за бомба да ги следат инструкциите на локалните безбедносни власти.