Американскиот државен обвинител по барање на Трамп поднесе оставка

Сподели

Американскиот државен обвинител Џеф Сешнс поднесе оставка по бурните односи со претседателот Доналд Трамп.

Ваквата одлука следува откако Трамп јавно го критикуваше државниот обвинител во врска со прашањето за истрага за мешањето на Русија во претседателските избори во 2016 година.

Сешнс соопшти дека поднесува оставка токму на барањето на американскиот претседател. Во писмо упатено до Трамп наведе дека му била чест да ја извршува функцијата државен обвинител.

„-Ми беше чест да работам на спроведување на законот во согласност со владеење на правото што беше и централен дел на вашата кампања за претседател”, напиша Сешнс.

Трамп преку Твитер му се заблагодари на Сешнс поради неговите досегашни услуги и му посака многу среќа.