Aко кривичниот суд одобреше притвор за екс началникот на Петата управа, Горан Грујoвски за уништувањето на опремата за следење на комуникациите, нелегалното прислушување во текот на годинава, можеби ќе запреше“ – вели поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски. Според него мерките за претпазливост кои СЈО ги бараше за предметот „Тврдина“ ќе овозможеле осомничените да не продолжат со нелегално снимање на телефонските комуникации.
„Ние во УБК имавме голем број на деца под наводници кои што добија силни играчки, па незнаејќи како да си играат со нив почнаа да си ги прислушуваат своите сопруги, да ги прислушуваат швалерките. Па тоа премина во лична злоупотреба на позицијата, да рекетираат одрдени фирми, да прислушуваат бизнисмени, да им велгуваат во црните бизниси и наместо да докажат злоупотреби, тие ги уценуваат“, рече Ѓурчевски.
„Да се испита кои телефонски броеви се слушани со наредба и зошто. Значи кое е основаното сомневање, еден судија на претходна постапка или друг судија да даде наредба, одобрение да се прислушуваат телефони. Кои биле основаните сомневања, за кое кривично дело“, вели Давидовиќ.
Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека утврдило оти тајната полиција незаконски следела најмалку 5.827 граѓани. Осомничени се десет лица. Прислушувале без судски налог а и сами одлучувале дали некој треба да биде прислушуван. СЈО потврди дека нема докази дека прислушувале странски служби и жолти комбиња. Тимот на Јанева посочи дека нелегално се прислушувани политилари, новинари бизнисмени. Меѓу нив не бил и Никола Груевски
извор: Алсат