Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 се аплицирани како прва доза, 1.585 се ревакцинирани, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 19 октомври вкупно се вакцинирани 800.103 граѓани, ревакцинирани се 764.953, а трета доза примиле 1.292 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.