АВМУ: Пријавата за емитување домашна музика на радио до 8 февруари

Сподели

Советот на АВМУ на вчерашната седница донесе насоките со кои се утврдуваат роковите за пријавување, жанрот и времето за емитување музика.

Радијата можат да пријават  емитување домашна музика во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) до петок, 8 февруари.

– За доброволно пријавениот процент на домашна музика, односно а музика на македонски и на јазиците на етничките заедници, радијата ќе добијат намалување на надоместот за дозвола. Минималното намалување на надоместот по тој основ може да биде 10 проценти, а максималното 30 проценти, соопшти денеска АВМУ.

Радио програмските сервиси можат да емитуваат и повеќе од 30 проценти музика на македонски јазик и на јазицире на етничките заедници, но намалувањето на надоместот за дозвола ќе биде 30 проценти.

Пријавувањето се врши со доставување допис од радиодифузерот по електронски пат на contac@avmu.mk или во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика се достапни на веб страниата www.avmu.mk.