АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА на Столе Попов во Кинотека

Сподели

Документарниот филм АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА на Столе Попов е еден од најпрепознаените документарци во југословенската и македонска кинематографија. Филмот го одразува животот на македонските иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои, пак, постојано остануваат со дилемата за своето враќање.

Награди:

1976 ФЈДКФ, Белград, Гранд При „Голем златен медал“ за Столе Попов

1976 ФФ, Тузла, Награда од публиката

1976 Годишна награда од списанието „Млад борец“

1976 Југословенски кандидат за Оскар

1976 13-Ноемвриска награда за тонската обработка на Глигор Паковски

10 МАЈ (ПЕТОК) 20:00 ч. АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА (Australia, Australia)

Документарен филм, Македонија, 1976, 71 мин, ДЦП, Режија: Столе Попов (Stole Popov)

Сценарио: Божин Павловски (Stole Popov)