Груевски повторно се огласи на Фејсбук од Будимпешта, коментирајќи го синоќешното приведување на поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков,
1.Ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот ,,Поткуп” каде по лична пријава на жртвата бизнисмен, по налог на обвинителството и со спроведен налог од МВР со видео снимка се документираше и предаде на судот очигледен доказ кој потоа стигна и до македонската јавност која виде како градоначалникот Зоран Заев бара поткуп и објаснува како тоа е нормална работа во неговата општина.
Можам само да замислам под каква тортура и притисок во овие неколку години е и лицето бизнисмен кој го пријавил барањето мито во МВР.
И покрај легално стекнатите докази (видео снимка направена по налог на обвинител), судиите кои го водеа предметот Поткуп од кој едниот судија беше Добрила Кацарска го прогласија Заев за невин. Истите судии во случајот Тенк каде имаа нелегално стекнати докази (аудио материјали), кои беа копии не споредени со оргиналот, одбија нивно вештачење за нивната автентичност и целовитост и свесно го игнорираа Законот за приватност, без никакви докази, во постапка за која државната комисија за спречување дискриминација објави мислење дека судиите и судот воделе постапка во која ми била извршена директна дискриминација, на база на претпоставки и асоцијации мене и другите во предметот Тенк не прогласија виновни.
Истите судии во истиот период.
Самиот Заев две недели однапред во изјава објави дека судот ќе ме прогласи за виновен, а него за невин.
Трите случаи ги водеше ист судија, судијаката Добрила Кацарска: 27 ми април, Тенк и Поткуп.
2. Предвременото апсење на Чавков само ја покажува спрегата помеѓу обвинителството и судот.
Иако обвинителството од страна на судот треба да има ист третман како одбраната и обвинетите, бидејќи за судот и двете страни се странки со еднакви права, очигледно е, и уште еднаш се покажува дека и двете се раководени од еден ист центар.
Обвинителството предвреме знае, пред судијката да пресуди, дека судот ќе го осуди Чавков за виновен и предвреме бара и добива притвор за него.
Митко Чавков имал надреден, се викал Нухиу, кој ако навистина со нешто се доцнело можел, имал право и должност да издаде наредба како ВД министер за внатрешни работи. Тој не сторил ништо. Не издал никаква наредба бидејќи очигледно проценил дека се работи законски, според правилата и најбрзо можно. Но, тој не се гони. Нему Заев не му е лут за случајот Поткуп.
3. Митко Чавков е невин и жртва на политички прогон и политички монтиран процес, како и многу други лица во тој предмет кој настана како резултат на свесно и планирано незаконско бирање на претседател на Собранието, темпирано токму во време кога пред истото се одвиваат граѓански протести кои траеја помалку од два часа дневно.
Процес во кој прво е договорена казната за Чавков и другите обвинети, а потоа е почната постапката и судењето, а Заев уште кога дојде на функцијата Премиер даде изјава дека Чавков требало да бега од него со која однапред кажа дека ќе биде прогонуван.
Судењето е политичко и е чиста фарса.
4. Чавков има нарушено здравје и со овој чекор и оваа освета свесно се става во ризик неговиот живот.
5. Токму Митко Чавков беше директор на бирото за јавна безбедност (БЈБ), а Сашо Мијалков директор на државната безбедност(УБК) кога МВР спроведе одлучна операција за спречување на ,,до заби,, вооружените и нелегално влезени на македонска територија терористи и криминалци кои планираа масовни убиства и терор над македонското население но и терор врз некои албански политички личности и структури во Македонија кои денес се дел од владата.
Таа група беше неутрализирана и спречена во намерите, во Куманово со акцијата на МВР на 9ти мај 2015та година.
Припадници на таа група која има сериозна контрола во затворот Скопје најпрвин ги нападнаа и им нанесоа физички повреди на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски токму во истиот затвор каде СДСМ сега ги смести токму Митко Чавков и Сашо Мијалков кои долг период беа главни стожери на безбедноста во Македонија.
Таа група веднаш по претепувањето на поранешните министри јавно објавија на фб дека секој функционер од владата која ја предводев ќе го снајде истото како Јанакиески и Ристовски ако дојде кај нив, а дека мене ќе ме нашле ,,на крајот на светот”.
6. Апелациониот суд за случајот Тенк по барање на СДСМ за мене одлучи во рок од 2 месеци од кои еден месец беа годишните одмори на судиите.
За терористите од Кумановско Диво Насеље не носи одлука над 16 месеци.
Судот работи со огромна брзина за банални и фабрикувани политички мотивирани случаи на СЈО и ОЈО од типот на пример протестите во општина Центар, набавката на блиндирано возило, дивоградбата на Фијат Цаноски или 27ми април…, а веќе 7 години максимално бавно за случајот Смилковски езеро каде брутално и сурово се ликвидирани пет млади и невини лица.
7. СДСМ на чело со Заев го контролира и управува судот и обвинителствата и преку нив се пресметува со политичките неистомисленици, ги користи како инструмент за политичка борба и терор, политичко пазарење и уцени, елиминирање на политички противници и конкуренти и втерување страв кај населението и опозицијата.
Не постои реформа која ќе промени нешто во судот и обвинителствата која ќе промени нешто додека овие институции се заробени, заплашени и уценети од извршната власт која нарачува апсења и пресуди.
ФБ статус, Никола Груевски – азилант