Во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 министерот за економија, Крешник Бектеши изјави дека од денеска производителите на прехранбени производи треба да им понудат намалени цени на маркетите.
„Јас очекувам сите тие производи кои се наведени во одлуката на Владата во делот за замрзнување на маржата да имаат намалување од најмалце од 10 отсто, веќе имаме кај маслото за јадење одредено намалување, утре се очекува дополнително намалување да има во делот на лебот и месните производи“, вели Бектеши.
Според министерот, намалувањето на цените нема да биде веднаш во маркетите поради залихите.
„Производителите ќе почнат да им понудуваат на маркетите нови цени кои се намалени согласно одлуките на Владата“, додаде Бектеши.