Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачко право

Сподели

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг од претседателските избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, информираат од канцеларијата на омбудсманот.

Освен на бесплатната телефонска линија, од канцеларијата на Народниот правобранител, велат дека повреди на избирачкото право граѓаните ќе можат да пријават и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ во зградата на ТД „Макошпед“, спроти Спомен куќата на Мајка Тереза.

Народниот правобранител информира дека повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на телефонскиот број (034)329-996, Кичево на (045)228-586, Тетово на бројот (044) 344-082, во Битола на (047) 242-310, Штип (032) 389-701 и во Куманово на телефонскиот број (031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните во остварување на нивното загарантирано избирачко право.