-“Колеги пратеници, останете верни на принципите, знам дека политиката е валкана игра” – изјави Павле Богоевски.
„Гласот за одземање на мандатот на Никола Гуеврски ќе биде моето последно гласање во ова Собрание.Таа одлука ја донесов во моментот кога сам се пријавив во полициска станица. Не ви посакувам да бидете во ситуација за близок член од семејството да треба да нарачувате нешто што јас го набавувам, а тоа е масло од канабис. Очекувам органите на прогонот да го испитаат ова мое тврдење до крај. Одлуката ја соопштувам сега затоа што чекав да видам до каде ќе отиде целата јавност после оваа ваша хајка, само за да го спасите вашиот лидер во бегство. Јас ќе си ја гушнам моралната одговорност“, рече претседателот на Комисијата Павле Богоевски од говорницата.