Бројот на жртви при уривањето на мостот во Џенова се зголеми на 35 лица

Сподели

Бројот на жртвите при уривањето на мостот Моранди во Џенова се зголеми на 35 лица. Според италијанскиот заменик – министер за сообраќај, Едоардо Рикси, бројот на жртви ќе продолжи да расте.

– Неприфатливо е толку важен мост да не биде изграден на начин за да се избегне ваков вид на колапс. Се урна централниот дел на надвозникот, а најмалку 20 возила паднале од мостот – изјави Рикси.

Италијанските власти наведуваат дека спасувачките екипи трагаат по преживеаните.

Италјанскиот премиер Џузепе Конте во текот на денот ќе пристигне во Џенова, најавија од неговиот кабинет каде ќе остане и утре.

На местото на несреќата се ангажирани околу 200 пожарникари.