Чекорите твои свети, кога ќе се родат
од мојата тивкост, сонувани, а празни,
во моето бдеење тие одат
занемени и мразни.
Колку се тивки, во себе збрани,
о, чиста душо, сенка што боли!
Боговите!… Се со страв што ме храни
ми носат твоите стапалки голи!
Ако усните од далеку што идат
со бакнеж ме закрепнат в спокој
за очите што копнеат да те видат
во мислите мои длабоко.
ЗАСТАНИ, мило мое волнување,
те има и те нема, а во мене стоиш,
не брзај со нежно исполнување
кон оној чиј копнеж го поиш.
Зашто сето ова предолго време
живеев чекајќи те во мечтите свои,
а срцево не беше ништо друго
освен ехо на чекорите твои.