Чешка предложи формирање заедничка европска армија

Сподели

sobotka

ПРАГА (АА) – Премиерот на Република Чешка, Бохуслав Соботка, истакна дека Европа без да формира заедничка армија не ќе може да го сочува своето присуство, јавува Anadolu Agency (AA).

Соботка којшто говореше на Конференцијата на амбасадорите одржана во главниот град Прага, го бранеше ставот дека бегалската криза треба да се „држи” надвор од границите на Европа, а со цел да се реализира тоа истакна дека е потребно формирање заедничка армија.

Тој додаде дека се надева оти на првиот состанок на Европската комисија ќе се разгледуваат конкретни предлози за формирање заедничка армија Соботка рече: „според мене на долгорочен план не можеме да го сочуваме нашето присуство без заедничка армија. Во врска со безбедносните политики на Европа, Европската Унија треба заедно да напредува со поголема мобилност и безбедност”.

Тој истакна дека членството на Република Чешка во НАТО и ЕУ е многу важно и дека ова се докажа со случувањата на меѓународен план, „стабилоноста и мобилноста на ЕУ и НАТО играат клучна улога за Република Чешка. Почна да се дебатира за иднината на двете институции. Во овој контекст Република Чешка сака да земе активна улога”, изјави тој.

Исто така Соботка наведе дека за Република Чешка не постои друга алтернатива и кажа дека „по повлекувањето на Велика Британија, Владата на Република Чешка ќе направи сè што може за да продолжи соработката внатре во ЕУ”.