Четврто издание на Младинскиот филмски фестивал

Сподели

Под мотото „Реално е“, вечер (30 август) во Кинотеката започнува четвртото издание на Младинскиот филмски фестивал (МФФ).

Во рамките на Фестивалот ќе бидат прикажани филмови од 20 млади автори од Балканот и од Европа.

Тридневната програма на МФФ, како единствен домашен фестивал посветен искучително на млади филмски автори, ќе се одвива на 30, 31 август и 1 септември на повеќе локации низ Скопје.