Англискиот фудбалер Дени Хоџсон по шест месеци успеа да се разбуди од кома!
26-годишниот беше нападнат пред половина година во Перт, каде што живее и игра фудбал. Поранешниот фудбалер на Карлсли речиси целата своја кариера ја мина во Австралија, а пред половина година едвај го преживеа нападот.
Тинејџерот кој го нападна Хоџсон подоцна го признал делото во полиција, но неговото име не е објавено бидејќи е малолетник.
Откако бил удрен од напаѓач, Хоџсон ја удрил главата во бетон. Ударот на бетонот бил проследен со крварење во внатрешноста на мозокот.
Со навремено пристигнување на брзата помош на Хоџсон му бил спасен животот, а сега се разбуди од кома и може да замине дома со најблиските.
Судењето на напаѓачот е завршено и тој доби затворска казна од три години и осум месеци.
The post ЧУДО! Англиски фудбалер се разбуди од кома по 6 месеци – Брзата помош му го спаси животот! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico