Чудовиште во олицетворение на мајка! – Мерсел БИЉАЛИ

Сподели

 

Неодамна, на една регионална конференција во Црна Гора, кај што учествуваа видни регионални експерти, меѓу нив и едно звучно регионално име во сферата на економијата, кој економски заздравел неколку држави.

Мерсел Биљали

Еден наш колега многу радознал го праша за македонската економија. Тој се насмевна со солзи, дури му стана непријатно поради таквото „непристојно“ смеење, по морал да се извини. А што се однесува до прашањето тој кажа: „Драг колега, во вашата Македонија нема идеја, ниту визија, а уште помалку стратегија за развој. Едно време таа снабдуваше со земјоделски производи околу 25 отсто од целиот југословенски пазар, плус себе. Со бројки, таа хранеше околу седум милиони луѓе. Сега вие самите увезувате храна од скоро една милијарда евра годишно! Вашиот земјоделски потенцијал е паднат десет пати. Сега храните само 700 илјади луѓе, а имате многу добри природни услови и ресурси. Видите што прават Израел и Турска! Тито го создаде Голиот оток, ама вие создадовте комплет гола држава“ – кажа професорот чие име нема да го спомнам!

Исто така објасни дека е голем хендикеп што ние не сме изградиле или увезувале ниту едено звучно име кој би ја предводел државата низ економскиот развој. Тоа има големо психолошко и практично значење. А дометот на постојните економски членови на владата е смешното борење со цените на прехрамбените производи! Се уморивте од пружење прилика таму кај што живее неприликата! Па затоа со години пловите без компас, често водени од пијани гусари. И гледате дека бродовите ви тонат во плитки води! Па вие во развојот бевте многу понапред од сите држави од источна Европа, а пред Бугарите беа и пингвините од Aнтарктик! Сериозно, кај вас нешто не функционира – вели професорот!

Кажа, дека дури ништо не работиме ниту во насока на заздравувањето на загадената свест кај нашите луѓе, дека земјоделската и сточарската работа нам ни е е понижувачка работа! “Кај вас е срамота да се посветите на земјоделието и фармите, а тие производи ги јадете три пати на ден! Кај вас колега, се треба од почеток, оти немате ниту основно знаење како треба да тргнете! Дека на запад државите организираат звучни фамилии и имиња за да држат фарми со цел да мотивираат и други! Кај вас незнаењето и партизацијата се живо има уништено, вклучително и главната гранка на развојот. А ова што го имате е само лук и вода“ – кажа егоцентричниот професор.

Тоа му го потврдив и јас кога своевремено ние тројцата членови на парламентарното собрание на ОБСЕ од Македонија, на еден прием во Копенхаген, по некоја случајност седнавме на иста маса со сестрата на тогашниот германси министер за надворешни работи Јошка Фишер, која ни кажа дека освен адвокатска канцеларија држи и фарма со крави, и дека повремено и самата работи во неа.

Бројни бескорисни стратегии!?

Низ годиниве во државава биле усвоени бројни стратегии за еконосмки и општествен развој, но тие не ја оправдувале ниту цената на хартијата, а да не зборуваме за хонорарите, кои впрочем често биле единствената цел. Блиски партиски кадри со малку знаење правеа големи стратегии!!! Тука се пазареле и бројни невладини организации, а крајната цел не бил развојот на државата туку парите и партиските поддршки. Изгледа плитка корупција ама со длабоки последици за судбината на многу луѓе!

За жал во бројни такви лажни проекти имаат учествувано и некои академици кои наводно со години пишуваат сериозни проекти, а главната цел им е цицањето пари. Како поинаку кога од таа структура не сме виделе ниту еден сериозен проект за добро за економскиот развој, за добро владеење, ниту добра анализа за департизација на институциите, за потребата од воведување мерит-систем во сите јавни и општестевнени дејности! Затоа денес неписмени ни стануваат обвинители, судии, амбасадори, конзули, министри, државни секретари итн, а писмените ни бегаат во странство!

Особено, политичката корупција поттикнува големи социјални разлики, дискриминации, а оттука и масовно исселување. Кога гледат дека слаб кадар добива работа или функција, тоа е знак дека нема што да барате веќе тука. Таа неминовно доведува до заробена држава и потоа се се распаѓа. Ако порано младите сакаа да се отселат и да бараат подобри услови за живот во развиениот свет, а родителите правеа се децата да им останат тука во татковината, денес, се повеќе млади брачни парови, работат и сонуваат децата да им заминат во подобар живот, некаде надвор, далеку од татковината. 

МАНУ – невладина организација

Во нормални и отворени демократски општества, нема место за организми паразити. Добиеното мора да се заслужи. Незаслуженото трошење огромни буџетски пари со паушали поголеми од три големи плати, е крајно неморално за институција која претендира да продава морал и знаење. Сите тие „јаки“ академици, освен таков паушал примаат и плати, пензии плус други донации, а башка што имаат влијание во лажната визија за развој. А од друга страна бројни од нив јавно поддржуваат партиски агенди! Некои дури одржуваа говори по партиски митинзи, кај што се гледаше дека царот е гол!

При состојба на масовен егзодус на младите од државата, крајно е себично МАНУ да има таква доминантна положба во расфрлувањето со јавни пари. Таква амортизирана и паразитна институција по ниедни морални критериуми не заслужува буџетски пари. Таа како таква, со децении наликува на чудовиште во олицетворение на мајка!

Во нормалниот свет, се помалку има вакви инситуции, а уште помалку поединци академици кои незаслужено добиваат јавни пари. Дури и да се жалат дека тие им се малку! Во модерните европски општества, ваквите институции имаат скоро ист третман како и невладините организации. Претендираат на проекти во отворена конкуренција и заработуваат заслужено. Но, готови паушали нема. Лагата е убава, голема и брза, за разлика од вистината која е грда, мала и бавна. Првата е производ на ѓаволот, а втората на Богот.

Мнозински изборен систем!

Кога одлучувачките политички центри би имале елементарна искреност, тие би се определиле за мнозинскиот изборен систем според кој државата би имала 120 изборни единици и фронтално би се бореле кандидатите. Тој е ем подемократски, ем по ефикасен, оти граѓаните би имале кому да се обратат. Лидерите како докажано зло видно би загубиле сила, оти пратеникот за својот став би се консултирал со граѓаните во својата изборна единица.

Пропорционалниот модел со една изборна единица, веројатно не е прифатлива за партии кои слабо работеле на економскиот развој, па граѓаните масовно им избегале надвор. Бројни села, посебно во западниот дел на државата се скоро празни. Сега егзодусот почнува и кај останатиот дел од државата. Ваква човечка трагедија веројатно немаше да создадат ниту окупациски сили. Така е кога луѓето цело време ги затвораа очите, а сега дојде времето кога веќе не ќе можат да ги отворат. Конфучие вели: – Ако човек не погледне во далечина, тагата му е зад неговите потпетици.

Излез професоре! Рече, дека тоа се плаќа! „Плус што мора сите да ме слушат, ако воопшто сакаат спас“! Воопшто не е лесно да го изнајдете вистински пат, кого цело време сте го заобиколувавале!