Ве покануваме на 14. “КрафтАрт базар” кој традиционално се одржува во Хотел Арка, Стара скопска чаршија.
Повеќе од 30 креативни занаетчии и ракотворци ќе се претстават со рачно направени производи и додатоци, меѓу кои рачно изработен накит, производи од стакло, чанти и модни додатоци.
Се надеваме дека ќе бидете во можност да ни се придружите со Вашите семејства, пријатели и колеги.
Производите ќе бидат на продажба од 10 до 20 часот. Влезот е бесплатен и сите се добредојдени.
Ве очекуваме.