Алтернатива Настани

Да инвестираме во футуризмот: Културните пејзажи на еден пост-социјалистички град

Сподели:

 

Кино КУЛТУРА, 22. ноември, Да инвестираме во футуризмот: Културните пејзажи на еден пост-социјалистички град

По катастрофалниот земјотрес од 1963 година, Скопје беше замислено, а потоа и изградено како пример за модерен, футуристички, социјалистчко – утопистички, југословенски град. Остатоците од оваа замисла и ова Скопје се видливи во материјалната, како и во нематеријалната култура на градот.

Во многу од пост социјалистичките држави се одвиваат дебати за архитектурата и за симболизмот на ова културно наследство, но и за неговиот потенцијал. Во Скопје, социјалистичкото културно наследство, често стои како игнорирано, наспроти ново произведеното културно наследство.

Овој настан ќе ги адресира прашањата: како пост – земјотресно и социјалистичко Скопје и неговото културно наследство се дефинирани во јавниот и професионалниот дискурс? Какво знаење се инвестира во ова наследство? Дали се работи на општествено прифатливи и позитивни начини за справување со ова културно наследство, така што нема да биде грубо игнорирано или целосно избришано од јавниот простор? Која е причината за (не)интересот за социјалистичкото, материјално – културното наследство и неговата монументална уметност? Кој е културниот, економскиот и општествениот потенцијал на ова минато и како тоа се вклопува во денешните урбани планови и современото осмислување на просторот?

Сподели: