Почитувани сограѓани, припадници на турската заедница во Република Северна Македонија,
Со задоволство упатувам од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име срдечни честитки по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, до сите наши сограѓани Турци кои живеат, творат и придонесуваат во Република Северна Македонија. Тие се додадена вредност во нашето мултиетничко општество и мултиетничка држава. Убеден сум дека овој празник, со кој и институционално, меѓутоа пред сѐ, како сограѓани, ја изразуваме нашата взаемна почит кон турската култура, идентитет и посебност, со посебен акцент на образованието, творењето и негувањето на турскиот јазик се најдобрата инвестиција во иднината на еден народ а градењето на односи на искрена почит, доверба и лојалност кон државата како наш заеднички дом е инвестиција во иднината на државата. Тоа може да се постигне само со подобро запознавање на различностите кои не прават уникатни а сепак сплотени.
Уште еднаш, дозволете да Ви упатам искрени честитки и да Ви посакам светлината на образованието секогаш да ви го осветлува патот и мислата!