Претседателот Џафери го достави извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Јанева до претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски, информираат од Собранието.
Според собраниската процедура Димовски, сега треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева.
Конечната одлука на пратениците на крајот ќе треба да ја потврди Советот на обвинителите.