На иницијатива на претседателот Талат Џафери денеска во Собранието ќе заседава парламентарното претседателство, кое треба да разговара како ќе продолжи со работа законодавниот дом, по синоќешната седница која беше прекината, а петиот сет анткризни мерки не беше донесен.
На состанокот на претседателството на Собранието, согласно Законот ќе присуствуваат Џафери, двајцата потпретседатели Горан Мисовски и Фадил Зендели, како и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.