Државната изборна комисија ги отфрли сите приговори поднесени од партиите во врска со изборите.
Дел од партиите најавија дека ќе поднесат кривични пријави против ДИК. Први тоа го најавија од Левица, а утрово и од коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“.
„Како носител на листа во ИЕ бр 2 од Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” во име на Коалицијата и во мое лично име, денес 20.07.2020 во 10,45 часот ке поднесам кривична пријава против Претседателот и членовите на ДИК за повреда на член 178 од Изборниот законик, а во врска со сторени кривични дела според одредбите од Кривичниот законик“, соопшти Јове Кекеновски.